КОЧАНИ ОПЕН 2021

Кочани Опен 2021

Отворено првенство на Македонија во тенис

Категории: Сениори и Ветерани

Период: 23.10.2021 – 24.10.2021

Ве очекуваме!

0-02-0a-24d20e0274c043869939c41f8e4ad7ffb4c182af8940ad0b841cf7246fb2bc9b_fb774e11

kochani open 2021

23.10 – 24.10.2021

Повелете пријавете се и земете учество на отвореното првенство на Македонија за сениори од 23 до 24 Октомври 2021 год. во Кочани 

Тенисот низ годините во Кочани

          Тениските терени во склопот на спортско рекреативниот центар ЗОРИК,се изградени од страна на КЈП Водовод од Кочани. Во 1991г во употреба беа пуштени 2 терени, а по неколку месеци уште 2 терена.   Во продолжение кон градскиот стадион се изградија и два терени за тенис со асфалтна подлога, од кои едниот терен подоцна е пренаменет во кошаркарско игралиште. Исто така во 1991г. е изграден и бетонски тениски зид за тренирање,  веднаш до оградата со градскиот стадион.

           Останатите два терени до тенискиот зид се изградени  во 1995г. и пуштени во употреба во 1996г. како помошни терени, за првиот FUTURES тениски турнир во Кочани. 

           Тенискиот клуб АКВАТЕН од Кочани е формиран од раководниот тим на КЈП Водовод од Кочани во 1992г. и уште од самиот почеток за тренер е ангажиран професорот по Физичко воспитување Ангелчо Колев, кој на почетокот работи под менторство на Деспотовски Ѓурица кој беше испратен од страна на МТФ за помош во развојот на тенисот во Кочани.   Повеќе…

Спонзори